Гнев на социјалните мрежи: Шарли ебдо се потсмева на смртта на малиот Ајлан

Гнев на социјалните мрежи предизвика најновата карикатура на сатиричниот весник Шарли Ебдо, со која весникот се потсмева на смртта на удавеното сириско момче Ајлан Курди.

Карикатурата го прикажува Исус како чекори по вода, а веднаш до него е мртвото момче муслиман.

На насловната страница е објавена новата карикатура со написот „Добредојдовте мигранти“ и на која е грозоморната слика на тригодишното момче кое лежи мртво на плажата.

Гнев на социјалните мрежи: Шарли ебдо се потсмева на смртта на малиот Ајлан
Гнев на социјалните мрежи: Шарли ебдо се потсмева на смртта на малиот Ајлан

„Толку блиску до целта“. Ова е насловот што на француски јазик стои веднаш до карикатурата.

Веднаш до телото е билборд на кој се рекламира познатиот 2 во 1 среќен појадок на Мекдоналдс со насмеаното лице на кловнот маскота.

-Мени за две деца по цена за едно, пишува.

Фотографијата на малиот Ајлан Курди стана симбол на моменталната бегалска криза. Тој почина заедно со неговиот петгодишен брат Галип во Егејското море додека заедно со семејството се обидувале да стасаат до грчкиот остров Кос.

Гнев на социјалните мрежи: Шарли ебдо се потсмева на смртта на малиот Ајлан
Гнев на социјалните мрежи: Шарли ебдо се потсмева на смртта на малиот Ајлан

Втората страница е насловена „Доказ дека Европа е христијанска“. На неа се прикажани нозете на детето што се дави, и човек (кој најверојатно го преставува Исус) кој чекори по вода.

Христијаните одат по вода… муслиманските деца тонат, стои под карикатурата.

Овие карикатури предизвикаа огромен гнев на социјалните мрежи. Додека некои го критикуваат потсмевањето со смртта на Ајлан и пишуваат дека во Шарли ебдо работат „група расисти“ што не треба да се нарекуваат новинари, други само го поставуваат прашањето: Дали сеуште сте Шарли?