„Шарли Ебдо“: Ислам, религија на вечниот мир (ФОТО)

Францускиот магазин „Шарли Ебдо“ повторно ја шокираше јавноста по нападот во Шпанија и предизвика жестоки реакции.

На насловната страна прикажани се луѓе кои лежат на улица во локви крв откако биле прегазени од комбе, заедно со зборовите „Ислам, религија на вечниот мир“.

Позади терористичкиот напад во кој загинаа 15 луѓе, а повредени беа околу 100 луѓе стојат исламски екстремисти со мароканско потекло.

Критичарите тврдат дека насловната страна ја навредува целата религија, која има 1,5 милијарди верници ширум светот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.