„Шарли ебдо“ во германско издание

„шарли ебдо“

Магазинот познат по зајадливи карикатури и коментари во изданието на германски јазик ја прикажува Меркел како седи на порцелански „трон“ и го чита тој неделник со наслов – Шарли ебдо ослободува.

Карикатуристот Лоран Сурисо, познат под уметничкото име Рис, кој беше тешко повреден во нападот во јануари 2015 година, верува дека Германија е добар пазар за фанцускиот сатиричен весник.

Хуморот е секаде, дури и во Германија, изјави тој за АРД. Рис вели дека со објавување на магазинот на друг јазик се презема експеримент во обид Шарли ебдо да освои нови љубители кои ќе помогнат во негова одбрана.

Шарли ебдо сега се изработува на тајна локација што е последица од нападот врз нивната редакција во кој беа убиени 12 нивни членови.

Германската верзија ја уредува од Франција 33-годишник од Берлин. Печатена е на 16 страници во 200.000 примероци, и се состои претежно од написи и карикатури преведени од француски. Уредниците планираат во иднина и германска содржина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.