Шарлот го прегази Мемфис со 61 поен разлика

Натпреварот меѓу Шарлот Хорнетс и Мемфис Гризлис ја одбележа изминатата ноќ во НБА лигата.

Шарлот буквално го прегази Мемфис со 61 поен разлика и го оствари својот најубедлив триумф, по тој од 1992 година кога триумфираше против Филаделфија со 52 коша разлика.

Во победата од 140:79 најефикасен кај Шарлот беше Кемба Вокер со 46 поени постигнати за помалку од 28 минути. Тој успеа да постигне 10 тројки, со што го урна сопствениот рекорд за Хорнетси.

Екипата на Мемфис настапи без неколку првотимци, меѓу кои и Двајт Хауард, кој претходната вечер во натпреварот и победата против Бруклин, имаше историски учинок од 32 поени и 30 скока. Поразот на Мемфис исто така е најтежок во историјата на клубот.

Ова е шесттата најубедлива победа во историјата на НБА лигата. Рекордната победа во 1991 година ја забележал Кливленд над Мајами со 68 поени разлика.