Шарпланинец искаса дете во Неготино

Во вторникот рано попладнето во Неготино, куче водено на подводнил но без заштитана корпа укасало десетгодишно дете.

Инцидентот се случил околу 14 часот на место викано „Антена“ во Неготино, додека група деца си играле, покрај нив поминало 18-годишно момче со неговото куче од расата шарпланинец, врзано со ланец, но без заштитна корпа.

Кога кучето дошло до едно десетгодишно дете, скокнало и го каснало за левата рака.
Детето било пренесено во најблиската здравствена ординација, каде му била укажана медицинска помош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.