Македонија,Економија

Саса е првата рударска компанија која ќе добие А-интегрирана еколошка дозвола

Саса е првата рударска компанија која ќе добие А-интегрирана еколошка дозвола

Претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески денеска го посети рудникот Саса и се сретна со генералниот директор Александр Раков. Во Саса посебно внимание се посветува и во заштитата на животната средина пришто се очекува, во определниот законски рок по целокупната доставена документација и барање, овој рудник да добие А интегрирана еколошка дозвола од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно законската регулатива.

„При денешната посета на Источно-планскиот регион, неизбежна точка е компанијата Саса која што е гордост на македонскиот извоз и гордост на Стопанската комора. Во работењето на Саса не постојат проблеми, таа е најголем извозник и како Стопанска комора, сакаме компанијата таа позиција да ја задржи и во наредниот период. Можам да изразам задоволство дека кон крајот на овој месец оваа компанија ќе биде првата компанија во Македонија во областа на рударството која ќе ја добие А-интегрирана  еколошката дозвола во рок предвиден со законот и тоа е добар пример за останатите,“ истакна Азески.

Второто прашање на кое се разговарало е давањето на концесии од страна на ресорните министерства, при што ќе се отворат перспективи за овој рудник до 2027. Со концесиите за кои што се извршени еколошките истражувања ќе се постигне една стабилна финансиска ситуација, стабилна извозна позиција и нови вработувања што е од исклучително значење.

„Многу сме задоволни од работењето на рудникот Саса. Во годините што следуваат по неговото рестартирање ние се надеваме дека со нашето работење го поддржуваме развојот на Македонија и развојот на Источна Македонија, што пред се се одразува врз показателите кои ги имаме постигнато. Знаеме дека нашите инвеститори се грижат за понатамошниот развој на нашите претпријатија пред се во насока на зголемување на безбедниоста при работењето, на одржувањето на нивото на произвдство како и на зголемувањето на техничкото ниво на производство. Се надеваме дека таа поддршка која до сега ја имавме од сите надлежни релевантни државни институции ќе се продожи, а ние ќе одговориме со добри резултати во наредните децении,“ истакна Раков.

Рудникот Саса започна со работа 1966 година, со годишен капацитет за преработка со околу 300 илјади тони. Максималото годишно производство е остварено во периодот од 1970 и 1980 год при што е експлоатирано и произведено околу 625 илјади тони влажна руда. Во 2003 година рудникот е затворен.
По рестартирањето на рудникот Саса во 2006 од страна на руски инвеститор, вложувањата во рудникот се пред се во капиталните објекти, машините и опремата кои придонесуваат за експлоатацијата и преработката на рудата преку 750 илјади тони руда.

Досегашните вложувања во рудникот, изнесуваат преку 50 милиони евра.