Саше Политико е плод на лудилото на СДСМ

Саше Политико е плод на лудилото на СДСМ

Лудилото на СДСМ се изразува преку се понагласени упади на нивни членови и платеници на јавни настапи со цел да ги опструираат и прекинат.

Саше Политико преставува еден екстремен случај кој во западните земји се нарекува хеклање, а која кај нас наместо изолирање дури е јавно стимулирана од СДСМ, и заштитувана од соросовите медиуми што упатува на очајот и состојбата во која се наоѓа оваа партија. СДСМ дури смислија негови клонови, па Ѓуро Кешкец од Скопје и Катерина Бабулова од Струмица беа испраќани на јавни настани со цел да направат опструкција. Ниту еден од овие тројца не се новинари, иако политико се крие зад плаштот новинар, злоупотребувајќи ја поддршката која му ја овозможува СДСМ и ЗНМ на Насер Селмани. Политико со своето однесување преставува закана, а СДСМ на овој начин преку јавно провоцирање, омаловажување и непочитување, газење и ограничување на слободата на говор сака да привлече внимание.

Практично, западните општества ваквите појави кои СДСМ кај нас ги стимулира, ги оградува, казнува и остранува. И тоа егзибиционистите слични на Саше Политико се остранувани од говори на Обама, Меркел, Гордон Браун, Мекејнно, на гувернери и градоначалници и на останати јавни настани и приредби, кошаркарски натрпевари, фудбал културни манифестации. На нив западната јавност гледа со дистикција и изразено неоправдување на нивните постапки, и како главен генератор на загрозувачи на слободата на говор и мислење.

Во Америка, Германија, Британија сосема е легитимно лицето кое ги попречува настаните и се однесува непристојно да биде отстрането од настанот кој го попречува, во најголем број на ситуации и со употреба на сила. И никој тоа не го скандализира. Едноставно се почитува јавниот ред и мир, не се дозволува некој да го нарушува она што организаторот го замислил, се почитува организаторот и се осудува непристојноста. Се штити јавниот ред и мир.



Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.