ВИДЕО: Саше Политико и Секуловска координираат напад врз Пешевски

165
Саше Политико и Секуловска се координираат пред нападот врз Пешевски

Доказ дека кулминира лудилото и очајот во кој се наоѓа СДСМ сеи зачестените инциденти и напади врз членови на Владата и други личности од страна на платениците на опозицијата.

Последен од низата инциденти е и нападот врз вицепремиерот Владимир Пешевски што се случи вчера попладне.

Платеникот на СДСМ и СОРОС Саше Ивановски – Политико по инцидентите и атаците кои во изминатиот период ги реализираше кон поголем број на политичари, но и кон јавни личности, вчера попладне предизвика инцидент со вицепремиерот Владимир Пешевски, на булеварот Климент Охридски.

На видео снимката што ја објави порталот „Курир“ добро се гледа дека Саше Политико и Секуловска се координираат пред нападот врз Пешевски. Ивановски сосема координирано со соросовата новинарка Билјана Секуловска предизвикуваат инцидент, за подоцна да глумат жртва.

Од снимката од безбедноснте камери до која ексклузивно дојде „Курир“, се гледа дека Саше Политко иако најнапред седнува на соседната маса и глуми дека не се ни познава со новинарката Билјана Секуловска, но тој е во целосна координација со неа.

Веднаш откако стана вицепремиерот Пешевски, Политико се втурнува кон него загрозувајќи му ја приватноста, вербално напаѓајки го со потенцијал и физички да се пресмета со него, а сето тоа уште од почетокот по претходен договор го снима Секуловска.

По расправијата, Саше Политико ја постигнува целта, се враќа во ресторанот и иако на почетокот глумеа дека не се познаваат, си подава рака со Секуловска и си честитаат поради завршената провокација.  Вицепремиерот Пешевски вчера на својот ФБ профил напиша дека агресивноста не може да биде решение на проблемите, исто како и загрозување на приватноста и безбедноста.

Пешевски: Aгресивноста не може да биде решение на проблемите, исто како и загрозувањето на приватноста и безбедноста
Пешевски: Aгресивноста не може да биде решение на проблемите, исто како и загрозувањето на приватноста и безбедноста

-Пред да се случи самиот инцидент со Ивановски, имаше провокации кон мојата маса од соседна маса од други лица, на кои немав никаква реакција. Очигледно е дека истите лица од соседната маса кои провоцираа и дофрлаа навреди на мое лично ниво, а кои потоа и го снимаа настанот, го повикаа Ивановски да дојде и да ја направи својата веќе стандардна провокација. Кога се појави Ивановски, и јас решив да си одам, знаејќи дека се работи за лице кое се поврзува со голем број на инциденти, со нестабилно однесување, и лице кое и претходно има направено инвазија на мојот личен простор. Потоа, кога ми се приближи од зад грб, реагирав одбранбено и инстиктивно. Мојата реакција беше пресилна и преемотивна, но при тоа сепак немаше никаков физички контакт меѓу мене и Ивановски, што може да се види ако внимателно се погледне снимката, додава Пешевски.

Во јавноста нема дилеми дека Саше Политико е платеник пратен од СДСМ и вчера јасно се виде дека позади ова стои директно СДСМ, што и се гледа од нивното стимулирање на вакви инциденти, а денес и организирање на протести преку нивниот измислен ад хок новинарски соросоидски пленум.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.