Саше Политико: Опозицијата си даде политички автогол кој скапо ќе ја чини!

Жестокиот критичар на власта, сопственикот на порталот „Мактел“, Сашо Ивановски, познат како Саше Политико, сега бескруполозно плука по СДСМ-овската елита која се појави на прославата на „Дајнерс“, организирана во новиот театар, објект од проектот „Скопје 2014“, што за опозиционерите е  расипнички и најголемиот кич што досега и’ се случила на метрополата.

Саше во својата колумна јавно го прашува директорот на „Дајнерс“, Божидар Јанковски, сопруг на Радмила Шекеринска, зошто го  одбрале новиот театар за да направат роденденски коктел, а не на пример некој хотел или ресторан, кога сите тие плукаа по него додека се градеше? Испаѓа дека доколку нивниот „диктатор“ , како што го нарекуваат премиерот Никола Груевски,  не го изградеше театарот, елитата на СДСМ ќе немаше каде да ја покаже својата скапа облека и да организира вакви богати забави.

Тој револтирано коментира дека требало „Бране да се појави од некаде на забавава, па да земе едно дебело дрво, па да удри да удри да удри док мрдаат сите овие морони од СДСМ и да ги фрли во Вардар затоа што они сами треба да се фрлат ама не им текнува…“.

Дури поставува и дилема дали да ги тужи Заев и Шекеринска за 10. 000 евра за да си ги залечел раните.

„Гинеме буквално умираме за таа опозициска кауза, две години откако ме шутнаа од Наша ТВ живеам како бездомник, без скапан денар, должен сум како Грчка што должеше пред две години, заедно со соработникот Столе го правиме порталов со судни маки, јадеме шпагети со кечап две години, последен пат фармерки и чевли сум купил во далечната 2012-та, две години ставам гориво на бензиска за 100 денара! Срам ми е како медиумско лице башка и газда на портал да ги носам фармерките на крпење меѓу нозе за да не ми се гледаат јајцата додека шпартам по Скопје трудејќи се да направам нешто за оваа вукојебина да биде подобра од ова што сега е…И кога сасвим изненада ете ти ги Заев и Рада ќе ти стегнат еден јак ударац у муда и ќе те кутнат на земја и ќе доживееш нешто поболно и пострашно од сите исмевања и сите проблеми кои ги носи функцијата – закоравен опозиционер! Ништо не ми е тешко толку многу колку чист опозициски автогол кој знам дека скапо ќе не чини – нови порази, нови паѓања, нови победи за талибанците и фашистите од ДПМНЕ, нови зулуми и мајмунарии во нашава државичка…“, коментира Ивановски.

Тој се прашува како би било по смената на Бране, Рада и Заев да почнеа дистанцирање од стариот СДСМ, и храбро да тргнеа во ребрендирање на СДСМ?

„Заев и Рада да почнеа во стари алишта да се шетаат по македонските пензионерски домови, домови за сираци и бездомници, по пазарите по фабриките каде работниците земаат по 8000 денари плата. Да фатеа да држат жолчни инспиративни говори полни со ентузијазам и страст. Да почена да го креваат народот. Да почнеа да се борат со пропагандата со тоа што секогаш ќе беа еден чекор пред неа, како во партија шах па наместо на одмор во Грција да отидеа во Охрид меѓу рајата на Градиште и Славија. Со лубеница и домати распостелени на тоа плажата на чергиче. Да почнеа да се возат во стари голфови и опели и шефролети, а не џипови и аудија серија 8. Во интервјуата кои ќе им ги даваа максимално да го разголуваа режимот. Да не бојкоритаа ништо, туку да мораше пак да ги исфрлат од собрание од што се досадни и нападни и жестоки во БРАНЕЊЕТО НА ВИСТИНАТА И РАЗУМОТ И ИСПРАВНОТО, ВО БРАНЕЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ОД ХИЕНИТЕ И БАНДИТИТЕ НА ДПМНЕ И ДУИ!!!.  Ама ништо од тоа, кур од овца драги мои, добивме крив тенок обесен кур од овца… Пу јазк бре мамицата ваша неспособна идиотска кретенска некадарна имбецилна!“, вели Ивановски.