Саше Политико повторно со вулгарен речник и говор на омраза

Опозицискиот новинарски послушник Саше Ивановски Политико, познат по својата некултура и безобразност на највисоко ниво, продолжува со своите секојдневни закани и говор на омраза кои ги пласира преку неговиот портал Мактел.

Опозицискиот перјаник продолжува со вулгарниот речник и навредите, небирајќи дали мета на неговата некултура ќе бидат јавни личности од секое поле, спортисти, културни уметници, новинари, лица од јавниот живот. Уредникот на МРТ, Горан Петрески е последен во низата кон кого Политико јавно се заканува и користи најниско ниво на говор на омраза.

Ивановски отворено се заканува кон Петрески дека кога ќе го сретнел ќе го “плукнел у фаца“ и ќе го “кревал на клоци“, па дури и по цена ако требало да оди во затвор.

-Горане Петрески, Латас и Емил Стојменов се копилиња, но се уредници и менаџери на приватни телевизии и донекаде и се слободни да прават што сакаат, ти си гомнару уредник на јавниот сервис, за ова што го правиш свесно кога ќе те сретнам ќе те плукам у фаца и ќе те кревам на клоци па ако треба нека идам и во затвор, копиле едно курвинско скапано!, пишува Ивановски на Мактел.

Политико секој ден има отворени закани и говор на омраза кон лица од различни сфери. Се заканува кон сите, вклучително и дипломати и странски амбасадори преку највулгарен вид на говор на омраза, но Здружениот на новинари на Македонија (ЗНМ) засега не излегло со никаква осуда кон опозицискиот новинар.