Саше Политико жестоко го навреди Волерс, ќе реагира ли сега дипломатскиот кор?

Неформалниот советник на лидерот на опозицијата Зоран Заев и новинар кој жестоко ги брани политиите на СДСМ, Саше Ивановски – Политико, денеска преку колумна на својот портал Мактел жестоко го нападна американскиот амбасадор во земјава, Пол Волерс.

Ивановски коментирајќи ја средбата на Волерс со уредникот на телевизија Сител Драган Павловиќ- Латас во едно од скопските кафулиња, со вулгарен речник го нападна американскиот амбасадор во земјава нарекувајќи го “вол“, а луѓето од американската амбасада “копуци“.

-И после сето тоа, го гледаме Волерс како се оптегнал како вол. Имате ли бре вие во амбасадата памет на кај терате и што правите бре копуци едни?!, пишува Ивановски коментирајќи ја средбата на Латас со Волерс.

Навредите на новинарскиот послушник на СДСМ кон Волерс не запираат тука, па Политико пишува дека “овој Волерс во САД сигурно фигурира во најниските бирократски слоеви“.

-Затоа е он испраен кај нас, да го бивало ќе бил некаде во земја од стратешки интерес на САД, како Израел, Кина, Русија, Германија…, пишува Ивановски.

Останува отворено прашањето дали по ваквите жестоки навреди кон американскиот амбасадор од новинарот кој дејствува под команда од Бихаќка, амбасадорскиот кор ќе реагира и ќе го осуди овој говор на омраза. Неодамна, доста прашина во јавноста се крена за коментар на новинарот Миленко Неделковски искажан на неговиот Фејсбук профил, насочен кон холандската амбасадорка Мариет Шурман.

По коментарот на Неделковски, со реакција се јави германската амбасадорка Гудрун Штајнакер  која побара Владата и правосудството да реагираат по Кривичниот законик. Останува да видиме дали сега германската амбасадорка и останатите претставници на дипломатскиот кор вака ќе реагираат и ќе бараат правосудството да реагира кога главниот сдсмовски јуришник, Саше Ивановски-Политко, жестоко го навреди американскиот амбасадор, нарекувајќи го “вол“, а вработените во американската амбасада “копуци“.

Дали сега дипломатскиот кор ќе бара од Владата да поведе постапка против Ивановски како што беше тоа случајот со Неделковски и дали опозициските медиуми кои пред само една недела бараа жесток одговор на меѓународната заедница кон Владата, ќе реагираат сега исто, кога една од главните медиумски тупаници на СДСМ жестоко го навреди американскиот амбасадор.