Сашко Коцев и Тони Михајловски играат во филмот „Ќе бидеме светски прваци“

На 19 март годинава во Скопје и Битола премиерно ќе биде прикажан филмот „Ќе бидеме светски прваци“ од продуцентите на српската сага „Монтевидео“, во кој глумат и македонските актери Тони Михајловски и Сашко Коцев, а една од насловните песни изведува Даниел Кајмаковски.

Дел од екипата е и Дејан Милошевски, односно продуцентската куќа „Револушн“.

„Ќе бидеме светски прваци“ е уште една вистинита спортска приказна. Раскажува за основачите на познатата Југословенска школа за кошарка и за првиот златен медал на светското кошаркарско првенство во Љубљана во 1970 година. Режијата е на Дарко Бајиќ, сценариото го напиша Небојша Ромчевиќ во соработка со Гордан Михиќ и Огњен Свиличиќ по идеја на Звонимир Шимунец кој воедно е и автор, и со продуцентот Дејан Петровиќ.

Главните улоги во филмот им се доверени на млади актери – Небојша Поповиќ, кој како „првиот меѓу еднаквите“ го почна „кошаркарскиот бум“ во поранешна Југославија, го игра Страхиња Блажиќ, Милош Биковиќ е во улога на Радомир Шапер, претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Југославија, Александар Радојчиќ го толкува ликот на Бора Станковиќ кој беше првиот човек на ФИБА, додека Марко Јанкетиќ е во улогата на Александар Николиќ, творецот на југословенската кошаркарска школа, кој воспоставил специфична филозофија за играњето на овој спорт.

Во останатите улоги играат актери од Србија, Хрватска, Словенија и Македонија: Леон Лучев, Сергеј Трифуновиќ, Ива Бабиќ, Небојша Дугалиќ, Нина Јанковиќ, Тамара Драгичевиќ, Стефан Капичиќ, Јуре Хенигман, Горан Богдан, Радован Вујовиќ, Роберт Курбаша, Крешимир Петар Ќосиќ,…