Сашо Ордановски би да биде Дејвид Петреус, ама слабо му иде

Промотерот на бомбата на Зоран Заев, уважениот Сашо Ордановски, експерт за сите општествени теми како новинарство, студенти, ЛГБТ заедници, а пред се’ разузнавање и контраразузнавање, на мое општо изненадување, а и на пошироката јавност почна да ретерира од бомбата и во ист момент, пази богати станува експерт за верски фундаментализам и исламски радикализам.

Внимателно читајки ја последната негова колумна, а „проверено со факти“, дознав зошто токму Сашо О. како мозокот на тајната група новинари и аналитичари блиски до СДСМ дигаат рачна кочница и велат пу пу неважи за стравичната „нуклеарна бомба“ на Зоран Заев. Имено, само една реченица во колумната е за тоа дали Али Ахмети ќе остане УЧК или, пак, ќе стане „Алаху Акбар“, ми ги потврди сомнежите дека од жешко најавената политичка бомба на раководството на СДСМ ќе биде само еден обичен новогодишен медиумско политички испукан балон со една употреба. Многу прецизно Сашо О. ја открива вистината зошто медиумите блиски и целото раководство на СДСМ полека полека се повлекуваат од тезите дека Груевски само што не си заминал за три дена и дека режимот ќе добие финален удар, а тоа е неговата констатација дека македонските и најмоќните западни тајни служби исклучително добро функционираат заеднички во борбата и локацијата на припадниците на Исламската Држава Ирак и Сирија на териоторијата на Република Македонија. Можам слободно да потврдам од мои лични пријатели, кои работеле токму на таа материја, дека првите информации за исламски фундаменталисти и терористи откриени во Босна и Косово после Дејтонскиот и Кумановскиот мировен договор, односно после завршувањето на воените конфликти во овие две држави, се добиени токму со огромна подршка на припадниците на македонските безбедносни служби.

Зачудува фактот што „најинформираниот“ новинар, кој што дефинитивно решил да биде нов Иван Бабамовски, како можел да незнае односно да не биде брифиран од, за него многуте тајни западни дипломатско разузнавачки извори, дека припадниците на македонските служби се два чекори пред своите западни колеги. Не би сакал јавно да го објавам, а имам точна и прецизна информација за идентитетот на големиот западен дипломатско разузнавачки извор, до моментот на објавувањето на бомбата на Заев.

Епа бате Сашо О. каде елементарно грешиш во процените и анализите. Сценариото на западните разузнавачи за рушење на режимот на Милошевиќ беше многу едноставно, но пред се со сериозна финансиска подршка, која спорд упатени извори велат дека изнесувала меѓу 90 и 120 милиони американски долари. Таргет групите или разузнавачки речено луѓето за поддршка беа опозициски настроените медиуми и студентите. Студентскиот и медиумскиот лидер на ОТПОР-от против режимот на Милошевиќ беа тогаш младиот и непознат Срѓан Поповиќ и познатиот медиумски могул Веран Матиќ, со неверојатна поддршка и интелектуално политичка логистика на албанските дисиденти од Косово и Метохија како Шќељзен Малиќи, Ветон Сурои и многу интересно една позната новинарска фаца, а сега медиумски магнат на Косово, Батон Хаџиу, кој во исто време е во одлични релации со тебе Сашо О. и кој лично лобираше, кај сега веќе покојниот Веби Велија, да истово лице да биде на раководна извршна функција во телевизијата Алсат-М. За жал г-дин Велија замина од овој свет што суштински и сериозно му ги загрози ненаситните финансиски амбиции на нашиов аналитичар за сите теми. Каде е проблемот?

Ниту Горјан Аревски, ниту пак уште помалку твојот Бранислав Геровски се македонските Срѓан Поповиќ или Веран Матиќ, како интелектуално, така политички, а најмалку финансиски (пред се’ мислам на Аревски). Ниту пак, некој од албанскиот политички блок размислува да биде сериозен Батон Хаџиу. Сакам да кажам и во случај да позади бомбата на Заев стои служба на сериозна нуклеарна сила има еден проблем. Би сакал да го потсетам Сашо О. кога токму тој беше главен и одговорен уредник на двоенеделникот „Форум“, а постои во библиотеките како арфива, го прогласи Никола Груевски за личност на годината и топ реформатор, а сега го прогласува за диктатор.

Неговата патолошка желба да се наметне како во јавниот и така и во тајниот политички амбиент како главен американски медиумски играч веднаш беше нокаутирана од веста, за среќа можеби неверојатна, но вистинита, дека Дејвид Петреус, поранешен генерал на здружените сили на НАТО за Европа инаку и поранешен висок функционер на ЦИА, дека ќе биде главен на подружницата на Си-Ен-Ен за просторите на Балканот, телевизијата Н1. Инаку треба да се напомене не е во игра Македонија како медиумски интересен простор, а впрочем и тој самиот, мислам на Сашо О. и така неговата група и тој лично доживеа класичен дебакл во медиумските и политичко-студентски превирања и комбинаторики.

И имам уште една непознаница. Што сакаше да каже еден познат хомосексуалец и геј активист со реченицата: „Ова е сериозен удар за власта“ – мислејќи на студентската поворка која можеби за неговите хомосексуални апетити била шведска маса или пак плавиот воз на Јосип Броз Тито.

Се надевам дека Зоран Заев конечно ќе мора внимателно да ги бира сопартијците политички и медиумски, ако сака некаква политичка иднина.

П.С. На мојот тетин Кабранов да му соопштам – факт е дека го дигна телефонот кај лицето Г.А. асистент на Мајкл Де Вилиерс за да ми помогне, но може да прашаш исто така колку пати сум ги замолил Велија Рамковски, Емил Стојменов и една река колеги од други редакции да не ти ја пијат новинарската крв. Да, така е. Роднините не се бираат, па макар и биле дојденци во фамилијата.

Авторот е независен медиумски работник

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.