Сашо Ордановски го помина животот заработувајќи на плукање на ВМРО-ДПМНЕ

Сашо Ордановски, сега член на „Транспарентност Македонија“, го помина животот заработувајќи на плукање на секој чекор на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во рекацијата на до јавноста на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на „Транспарентност Македонија“.

„Некои луѓе заработуваат како лекари лечејќи болни луѓе, други како инжињери кои прават проекти за градби, трети се работници во фабрики, некои се земјоделци и така заработуваат и живеат.

Човекот има само еден занает и ете така преживува. Се додека е ВМРО-ДПМНЕ силен и на власт ќе има и за него пари, од оние кои се спремни да плаќаат за некој професионално да измислува лаги, манипулации, клевети и навреди за ВМРО-ДПМНЕ.

Но, ВМРО-ДПМНЕ и народот одамна ги имаат препознаено ваквите влечуги и не ги перципираат нивните порции полни со ветер и магла. Во  демократија, секој па и Ордановски може да проповеда што сака. Само треба да најде некој да го слуша и да му верува. Засега има најдено кој да го плаќа. За слушање и верување уште сонува, и тој, и донаторите.

Човекот остаре, ама друго не научи да работи. Веќе стана и демоде. Излегоа нови и помлади кандидати кои сакаат на ист начин да заработуваат со посвежи идеи. Видоа дека Ордановски солидно живее од овој занает, ја гледаат неговата хациенда во населбата Бардовции и ете му на Ордановски конкуренција. Таков е животот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, Сашо Ордановски на македонската јавност и е познат како „експерт“ за медиуми, за енергетика, за човекови права, за борба против корупција…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.