Сашо Тасевски назначен за в.д. директор на Драмски театар

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денеска го разреши директорот на Драмски театар – Скопје, Роберт Вељановски, и за в.д. директор е назначен членот на ансамблот, актерот Сашо Тасевски.

Сашо Тасевски е актер, колумнист во „Фокус“ , писател и гласен поддржувач на актуелната владејачка структура. Во јавноста е познат по вулгарниот речник што го користи во своите колумни, кои во најголем дел му се критика, па дури и по секоја цена, кон партијата ВМРО-ДПМНЕ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.