Сасуоло подобар од Интер, Рома до победата во последната минута

Шампионските амбиции на милански Интер во новата сезона уште на почетокот на првенството ги стави под прашање Сасуоло кој беше подобар со 1:0 од „Нераѕурите“, додека Рома славеше со погодок во последните моменти од мечот во Торино.

За волја на вистината Сасуоло е еден од најнепријатните клубови за Интер. Имено ова беше четврта последователна победа за Сасуоло против Интер, и протоа е седмата од 11-те меѓусебни средби.

Интер во Реџо нел’Емилија пристигна како апсолутен фаворит, меѓутоа екипата која ја води Лучијано Спалети не го покажа тоа и на теренот. Сасуоло имаше шанса да поведе веќе во третата минута, кога Мехди Бурабиа изби сам пред Самир Хандановиќ, но словенечкиот голман имаше одлична интервенција. Домашните сепак поведоа во 27 минута, кога Федерико ди Франческо избори пенал кој го реализираше Доменико Берарди.

Играчите на Интер во продолжението се обидуваа нешто да исправат, но не направија ниедна вистинска акција. Најдобрата можност да се спасат од поразот ја имаа во 89 минута кога Стивен де Вриј од близина шутираше со глава, но неговиот удар одлично го сопе Андре Консиљио.

Рома во Торино против истоимениот клуб дојде до победата со фантастичниот погодок на Един Џеко во 89 минита. Рома оставаше впечаток дека доминира, но домашните имаа многу прилики, притоа и поништен погодок по прегледување на снимката, а потклекнаа откако младиот Клајверт по добриот пробив на десната страна сепак успеа да нафрли на втората статива на десетина метро од голот каде со удар кој наликуваше на полуволеј ја пречека Џеко.

Парма и Удинезе одиграа 2:2, откако домашните имаа сигурно водство од 2:0 до 65 минута, а потоа за пет минути примија два гола. Погодоците за Парма ги постигнаа Роберто Инглезе во 39 и Антонино Бариља во 59 минута, додека за гостите бодот го донесоа Ридриго де Паул во 65 од пенал и Секо Фофан во 69 минута.

Во другите натпревари во неделата СПАЛ ја изненади на нејзин терен Болоња и ја совлада минимално со 1:0, а стрелец беше Кутриќ во 71 минута. Емполи, пак, беше убедлив на својот стадион против Каљари,  а стрелци беа Раде Круниќ во 14-та и Франческо Капуто во 71 минута.

Во саботата Наполи како гостин во Рим го совлада Лацио со 2;1, додека во првиот меч сезонава шампионот Јувентус се намачи во Верона но сепак на крајот со 3:2 славеше над Киево.

Во понеделник ќе играат Аталанта – Фросионе.

Натпреварите во кои играат екипите од Џенова, поради трагедијата со уривањето на надвозникот се одложени, па Сампдорија и Фиорентина ќе играат на 19-ти септември, а Милан и Џенова на 31-ви октомври.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.