Сателитот на NASA регистрирал зголемување на емисијата на јаглерод диоксид

Податоците на американската агенција за вселенски истражувања NASA добиени сателитски покажуваат пораст во емисијата на јаглерод диоксиди ширум светот, поврзани со годишното време и големо зголемување од 2015 година во тропскиот појас благодарејќи на природниот феномен Ел Нињо, се наведува во заклучоците од пет истражувања објавени во научното списание Science.

Овие заклучоци почиваат на податоците коишто ги собира сателитот Orbiting Carbon Observatory-2 (OCO-2)  OCO-2, всушност орбитирачка лабораторија за јаглероди, кој ја следи емисијата на јаглеродите и кој NASА го лансираше во 2014 годна. Задачата на сателитот е да проучи како јаглерод диоксидот, водечкиот гас кој го предизвикува ефектот на стаклената градина, кој се создава со согорување на фосилните горива, се движи по Земјата и влијанието на вегетацијата врз емисијата и задржувањето на јаглерод диоксидите.

„Податоците покажуваат запрепастувачки промени во циклусот на јаглеродите во северната хемисфера, зависно од промената на годишните времиња. Во пролетта настанува драматично зголемување на емисијата на јаглеродите благодарејќи на растенијата. Во текот на зимата вегетацијата минимално произведува јалглерод диоксид, но гниењето на растенијата ослободува јаглерод диоксид со порастот на температурите кои ги поттикнуваат емисиите создадени со согорување на фосилните горива над Кина, Европа и југоистокот на САД“, се наведува во една од петте студии обајвени во Science.

Тоа доведува до сезонското зголемување на јаглеродот во април на северната полутопка. Потоа, со минувањето на пролетта и приближувањето на летото, растенијата започнуваат да го впиваат јаглерод диоксидот.

Друга од петте студии во списанието Science открила дека феноменот на загревање на океанот познат како топлиот екваторски Ел Нињо, резултирал со многу повќе ослободување на јаглероди во тропскиот појас отколку претходните години. Ел Нињо е феномен кој предизвикува флуктуирање на површината на морето и притисокот над Тихиот Океан и може да трае повеќе години.

Ел Нињо во текот на 2015 и на почетокот од 2016 година „резултирал со ослободување на околу 2,5 гигатони јаглерод диоксид повеќе во атмосферата во 2015 отколку во 2011“, година, се наведува во едно од петте истражување. „Намалените врнежи во јужна Америка и зголемувањето на температурите во Африка, биле клучните покренувачи“, на овие промени, се додава во студијата. Се очекува дека оваа појава ќе се влошува до крајот на векот поради глобалното затополување во тропските краишта кои традиционално служеле апсорпција на емисиите на јаглерод.

Во 2015 и 2016 година сателитот OCO-2 регистрирал 50 процентно зголемување на атмосферскиот CO2 во споредба со просеците забележани претходните години. Во тропска Азија зголеменото ослободување на јаглерод диоксид главно дошло благодарејќи на согорување на биомасите.