Саудиска Арабија ги прогласи сите атеисти за терористи

Атеистите, мирните проповедници и оние кои се борат во странство се нашле под закрила на новите „антитерористички закони“. Новите закони се донесени воглавно поради борба против растот на бројот на Саудијци кои учествуваат во граѓанската војна во Сирија.

Саудискиот крал Абдула настојува да ги запре сите облици на политички незадоволства кои би можеле да му наштетат на јавниот ред.

Минатиот месец прописот на саудиското министерство за внатрешни работи дефинира широк број организации кои Владата ги смета за терористики организации, вклучувајќи го и Муслиманското братство.

Една од новите одредби на Министерството под тероризам го смета и доведувањето во прашање на темелот на исламската вера на која се темели Саудиска Арабија.