Свет

Саудиска Арабија ќе се води по Грегоријанскиот календар

Саудиска Арабија ќе се води по Грегоријанскиот календар

Кралот Салман ја одобри таа одлука, која, меѓу другото значи и редефинирање на работните навики. Но, тоа со себе повлекува и годишно намалување на платите, поради зголемениот број работни денови во годината.

Овој потег е во насока на мерките за штедење кои уследија по падот на цените на нафтата, а кои значат и помалку платени празници, како и снижување на платата на владините претставници и државните службеници.