Саудиска Арабија распоредува тешко вооружување на границата со Јемен

Саудиска Арабија распоредува тешко вооружување и воена опрема, вклучително и артилерија, во близина на границата со Јемен, соопштија американски претставници.

Оружјето и артилеријата што Саудиска Арабија го распореди би можеле да бидат употребени во офанзива или одбранбени цели, проценуваат двајца неименувани американски претставници.

Распоредувањето на саудиско оружје уследи откако шиитската милиција Хути почна да напредува кон југ, откако во септември го зазеде главниот град на Јемен, Сан, а за викендот и централниот град Таиз, со што се приближува до новата база на претседателот Андерабу Мансур Хади, кој има поддршка од САД.