Свет

ријад формира фонд од оние кои ќе се покајат Саудиска Арбија го заокружува бранот апсења во борбата против корупцијата

Саудиска Арбија го заокружува бранот апсења во борбата против корупцијата
саудискиот принц митаб бин абдула, осободен откао плати милијарда долари/ Photo by Reuters

Саудиска Арабија го завршила бранот најголеми апсења во историјата на кралството во борбата против корупцијата, а собраните пари, коишто се проценуваат меѓу 50 и 100 милијарди американски долари, ќе ги пренасочи на проекти за економскиот развој, открива саудиски министер.

„Колку што јас знам, така е“, одговорил саудискиот министер за трговија и инвестиции Маџид бин Абдулах ал-Касаби на прашањето на Reuters за тоа дали властите завршиле со притворањата на големиот број државни службеници и претприемачи, меѓу нив и голем број принцови на кралството семејство.

„Владата повеќе нема да молчи кога ќе види случај на корупција. Дефинитивно ќе дејствува“, рекол министерот, но истакна дека „сега засега тоа е тоа“.

Во октомври беа притворени десетици принцови, државни службеници и претприемачи. Испрашани се околу 200 лица, а замрзнати се околу 2.000 банкарски сметки. Оваа чистка ја зацврсти власта на престолонаследникот принцот Мохамед бин Салман.

Смените на неколку високопозиционирани министри и овие апсења дојдоа само неколку месеци откако саудискиот крал Салман бин Абдулазис Ал Сауди го замени својот внук Мохамед бин Најег со својот си Мохамед бин Салман како наследен принц на круната.

Некои од осомничените ќе завршат на суд, но властите со повеќето од нив сакаат да постигнат финансиски спогоди, а минатиот месец објавија дека тие веќе се постигнуваат. Принцот Митеб бин Абдула, некогаш главен фаворит за саудискиот трон, е пуштен на слобода откако се согласи да плати милијарда долари, откриваат функционери во Ријад.

За примање на овие средства отворена е посебна сметка на министерството за финансии, а канцеларијата на државниот обвинител проценува дека на него вкупно ќе бидат уплатени меѓу 50 и 100 милијарди долари, откри Касаби во текот на посетата на Вашингтон каде се стретна со американските претприемачи.

„Овие средства дефинитивно ќе бидат искористени за домување и за општи потреби, бидејќи тоа се пари на народот. Нема да бидат искористени за никакви други работи освен за развојни проекти“, истакна министерот.

Се очекува дека државниот обвинител следните денови ќе објави соопштение за напредокот на истрагата кои ќе содржи имиња на голем број притворени и оние против коишто ќе бидат подигнати обвиненија, додаде Касаби.

Ријад посакува големи американски и други странски инвестиции за да ја намали својата зависност од извозот на нафтата. Касаби тврди дека американските претприемачи делумно се загрижени поради можните последици од оваа борба против корупцијата, бидејќи не знаат како таа ќе заврши.

„Меѓутоа сите сметаат дека е таа добра за државата бидејќи нејзините власти очигледно тргнале во борба против корупцијата, а тоа на крајот ќе направи поправеден терен за сите“, смета Касаби.

Економските реформи коишто ги спроведува Ријад вклучуваат програма за приватизација со којашто би требало да бидат собрани околу 300 милијарди долари. Во последните 18 месеци не е постигнат преголем напредок бидејќи претераната бирократија, недоверливиот правен систем и високите цени ги бркаат инвеститорите, тврдат странските претприемачи.

Саудиска Арабија последните години беше погодена од ниските цени на нафтата и со владините мерки за штедење.