Магазин

Саудиски свештеник отфрла дека Земјата се врти околу Сонцето

Саудиски свештеник отфрла дека Земјата се врти околу Сонцето

Саудискиот свештеник тврди дека Сонцето се врти околу земјата, што предизвика бран од реакции во медиумите.

Одговарајќи на прашање од  студент, дали Земјата се движи или не, шеикот Ал Бандар Каибари одговорил: „Во мирување е,  и не се движи.”

Тој потоа се обидел да го поддржи неговиот аргумент со цитирање на некои свештеници и избрани верски извештаи. Но, можеби најконтроверзниот  метод  да ја разоткрие теоријата на ротација е “логична” дедукција.

„Прво,  каде сме сега? Одиме на  аеродром  да патуваме  во Кина со авион, јасно ?! Фокусирајте се со мене, ова е Земјата“, вели тој, држејќи  затворена чаша вода.

Тој заклучува  дека ако авионот запре додека е уште во воздухот “Кина ќе дојдат кон него” во случај Земјата да  ротира во една насока. Ако  Земјата ротира на спротивна насока, авионот никогаш нема да стигне до Кина, бидејќи “Кина исто така, да се врти.”

Во одделни изјави шеикот Ал Каибари вели дека човекот никогаш не отишол на Месечината, отфрлајќи ја екскурзијата на  Месечината на НАСА како холивудска  измислица.

Видеото на шеикот предизвика бран контроверзни забелешки на социјалните медиуми, особено на Твитер, со посебен хаштаг : “#cleric_rejects_rotation_of_Earth

Италијанскиот астроном Галилео Галилеј, роден на 15 февруари 1564. Тој беше обвинет два пати за ерес од страна на црквата за неговите верувања, вклучувајќи ја и неговата поддршка на Коперниковата теорија дека Земјата и Планетите се вртат  околу Сонцето.