Свет

Саудискиот крал повеќе од деценија ги држи заточени своите четири ќерки

Саудискиот крал повеќе од деценија ги држи заточени своите четири ќерки

Ќерките на саудискиот крал Абдулах, принцезите Сахар (42) и Џавахер (38), откриле дека тие и уште две нивни сестри веќе 13 години се заточени во кралската палата во Џеда, при тоа давајќи увидо во живото на кралското семејство, што инаку се одвива под велот на тајните во кој што жените дефинитивно се граѓани од втор ред.

Саудиска Арабија е еднинствена држава во светот во која на жените со закон им е забрането да возат автомобил, а кога станува збор за рамноправноста на половите, се наоѓа на 130 место од 134 држави кои во 2009-та година ги анализирал Светскиот економски форум.

Принцезите Сахар и Цавахер, меѓутоа, како што тврдат, толку се ограничени што тоа ги надминува рамките на судиските закони.

Во е-мејловите и телефонските разговори со редакцијата на „Сандеј тајмс“, тие наведеле дека и нивните сестри Хала (39) и Маха (41) исто така се заточени во одвоени вили во дворскиот комплекс во Џеда, а нивната мајка Алануд Алфајез, кој повеќе не живее со саудискиот крал наводно се обратила за помош во Канцеларијата на високиот комесар на Обединетите Нации за човекови права.

Како што пренесува „Сандеј Тајмс“, Алануд Алфајез во писмото до овој весник навела дека нејзините ќерки „се затворени во палатата против нивна волја и отсечени од светот“.

Сахар и Џавахер напишале дека се сами во зградата и дека немаат никој да им помогне во извршување на домашните работи.

„Се гледаме една со друга како полека венееме“, пишуваат тие укажувајќи дека нивната сестра рекла „дека полека го губи разумот и дека во неа повеќе нема ниту трошка живот“.

Кралската палата во Џеда каде живеат и четирите заточени принцези
Кралската палата во Џеда каде живеат и четирите заточени принцези

Смеат да излезат само по намирници, но и за тоа мораат да добијат дозвола од полубратот, кого кралот го овластил да ги надгледува.

Сахар нашла работа во банка, за неа тоа било спас од монотониот живот, но кога му соопштила на таткото дека има намера да работи полно работно време, тој и’ забранил, бидејќи не сака неговите ќерки-принцези да работат.

Абдулах е владар на Саудиска Арабија од 2005 година и еден од најбогатите луѓе на светот. Кога се омажила за него (тогаш тој има повеќе од 40 години), Алануд Алфајез имала само 15 години, но кралот е развел од неа по 10 години.

Абдулах има 38 деца со голем број жени, а четирите ќерки од бракот со Алануд ги препуштил да ги контролираат тројца нивни полубраќа.

6-25-12-Saudi-women_full_600
Жените во Саудиска Арабија не смеат ниту да се лекуваат без дозвола од нивниот машки чувар

Според законите на Саудиска Арабија, девојките и жените не смеат да патуваат, да се занимаваат со сопствен бизнис, ниту дури да се лекуваат без дозвола од нивниот машки „чувар“.

Сахар наведува дека таа и нејзините ќерки како девојки била „мазени и пазени“, но дека тој однос кон нив се променил кога почнал да му приговараат на татка си поради бедат во која живее мнозинството од саудиското население.

Кон крајот на деведесетите години Хала, кој дипломирала психологија, изразила незадоволство поради тоа што политичките противници на режимот ги држат на психијатриското одделение во болницата каде таа работела.

ОХЦХР соопштил дека писмото на Алануд Алфајез ќе го проследи до Рашиди Манџу, специјален известувач на ОН за насилство врз жените.