Саутемптон до бодови на спасот, Свoнси на чекор до испаѓање, ВБА во понизок ранг

Во одложениот меч од 31-то коло на англиското фудбалско првенство во вторникот вечерта, во дуелот кој одлучуваше за патниците во понискиот ранг на натпреварување, Саутемптон на гостувањето го совлада Свонси Сити со 1:0 и дојде до бодовите на опстанокот.

Решавачкиот погодок го постигна Маноло Габиадини во 72 минута, откако шутираше Чарли Остин а Лукаш Фаијански одбрани. Тоа беше дури петти удар на мечот на Остин во рамките на противничкиот гол и сите пет пати Фабијански ги одбрани неговите удари.

Со оваа победа Саутемптон и практички го обезбеди опстанокот во Премиер лигата, но го турна Вест Бромвич Албион во понизок ранг на натпреварување. Од претходно е познато дека елитното натпреварување го напушта Стоук Сити, а последниот патник во Чемпионшим е биде Свонси Сити, Хадерсфилд Таун или Саутемптон.

Хадерсфилд ќе се спаси доколку во средата во одложениот меч од 35-то коло во Лондон освои барем бод против Челзи. Доколку биде поразен, пак, одлуката ќе падне во последното коло.

Во пресрет на последните 90 минути од првенството, Саутемптон е во најдобра позиција. Има три бода повеќе од Свонси, но и девет голови подобра гол-разлика. Хадерсфилд, исто така, има три бода повеќе од Свонси но и полоша гол-разлика, а во последното коло го очекува Арсенал. Свонски Сити во последното коло ќе биде домаќин на отпишаниот Стоук Сити, додека Саутемптон ќе игра дома против новиот шампион Манчестер Сити.