Савиџ: Ете зошто Мурињо го продаде Мата

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Лестер и Бирмингем, Роби Савиџ, јавно ја критикуваше играта на најскапата аквизиција во клупската историја на Манчестер Јунајтед, шпанскиот интернационалец Хуан Мата, кој одигра очајно на неделниот дерби натпревар против екипата на Ливерпул.

“Се надевам дека сега им е јасно на сите тие на кои не им беше јасно зошто менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо го продаде Хуна Мата на големиот ривал. Мурињо свесно се ослободи од услугите на Мата. За играч на едно високо ниво, потребни се и силни нозе, за кога ќе  паднеш,  одма да станеш. Мата го нема тој квалитет. Искрено, јас не гледам ниту една причина поради која Мата мора да биде дел од првиот тим на Манчестер Јунајтед”, изјави Савиџ.