Савиќ преферира да игра на Сан Сиро

Црногорскиот интернационалец од редовите на Фиорентина, Стефан Савиќ со задоволство ќе прифати трансфер во Милан, барем според неговиот агент.

Жарко Пеличиќ, агентот на Савиќ изјавил дека дефанзивецот, кој е трансфер цел на неколку големи клубови ширум Европа, преферира да игра на Сан Сиро и да стане дел од „росонерите“.

„Стефан би сакал да премине во Милан, но нема да исклучам трансфер и во некој друг голем клуб, бидејќи неговиот трансфер не зависи само од нас, голема улога ќе игра и Фиорентина“, истакнал Пеличиќ за Milannews.it.

Савиќ, кој го напушти Манчестер Сити во 2012 и премина во Фиорентина, минатата сезона настапи на 29 меча за тимот од Фиренца, кој заврши како четвртопласиран во Серија А.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.