Савиќ се договори со Славија Софија

Македонскиот фудбалски интернационалец Душан Савиќ потпиша едногодишен договор со бугарскиот прволигаш Славија Софија. Тој стави потпис на договор со важност до крајот на оваа сезона, по што повторно ќе седне на маса со челниците на Славија Софија.

Напаѓачот досега беше член на Каисар од Казахстан, а во кариерата има настапувано и во Романија, Украина и во Узбекистан. Во Македонија, Душан Савиќ ги носеше дресовите на Беласица, Победа, Работнички на Вардар.