петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Савовски: Се соочуваме со масовен прилив на мигранти

spasovski

Последни вести

При своето обраќање на состанокот на шефовите на полициите од балканските земјиво Рим, директорот на БЈБ, Горанче Савовски истакна дека Балканот како регион отсекогаш претставувал место низ кое транзитирале многу луѓе, како најкраток пат помеѓу Истокот и Западот. „Во историјата скоро и да нема поголеми миграциски движења во овој дел од светот кои повеќе или помалку не го зафатиле и овој регион“, додаде тој.

Како што рече Савовски, ова се однесува и на Република Македонија, која со својата географска положба претставува неодминлив дел од рутите на ваквите движења.

Според директорот на БЈБ, и моменталната миграциска состојба и притисокот на мигрантите од Блискиот Исток, Арапските држави и Северна Африка токму преку Балканот да транзитираат до посакуваните дестинации не е изненадување.

-Сепак, денес се соочуваме со масовен прилив на мигранти во размери какви што не се регистрирани во блиското минато и кој ги има сите предуслови да прерасне во вистинска криза. Токму затоа Република Македонија презема мерки за справување со кризата, од кои како клучни се издвојуваат Измените во Законот за азил и привремена заштита од јуни 2015 и Одлуката на Владата на РМ за кризна состојба на северната и јужната граница од август 2015 година, потенцираше Савовски.

Директорот на БЈБ оствари и билатерална средба со Константинос Сувалас, заменик директор на грчката полиција. На средбата, соопштуваат од МВР, бил констатиран значителен напредок во соработката на двете полициски служби со можност таа да биде продлабочена особено на полето на мигрантската криза.

Најчитани вести