Саздов: Граѓаните од дијаспората, на 24 април по четврти пат ќе имаат можност да покажат што мислат за СДСМ

Дополнително, Саздов пред пратениците образложи едно истражување во врска со изборот на пратеник од дијаспората во Романија, Франција и Хрватска. Тој истакна дека овие три земји членки на Европската Унија и НАТО имаат речиси идентичен сооднос на потребен број на гласови за избор на пратеник со соодносот на потребен број на гласови за избор на пратеник кај нас. Но за жал, како што рече тој, СДСМ не сака да ги слушне овие факти.

Но, барањето за цензус кое што го поставивте како услов, требаше да го проследите со останатите барања на нашите иселеници, на пример, барањето за повеќе избирачки места во дијаспората. Меѓу тоа, вие сте свесни дека тоа ќе значеше само поголем пораз на СДСМ во дијаспората, констатираше Павле Саздов.

Тој исто така, во својот говор го спомена и избирачкиот список и истакна дека тој во дијаспората е најточен и најпрецизен бидејќи се добивал по пат на активна регистрација на гласачите.

Имаше и СДСМ такво барање на почетокот од овие преговори,  меѓутоа за жал се откажаа од активна регистрација на гласачите во Република Македонија. Тоа нека кажат за чии интереси ја донесоа таа одлука, рече пратеникот Саздов.

На крајот, Саздов истакна дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ избрани од дијапоспората ја даваат поддршката за овој закон со кој се задржува правото на глас кај иселениците бидејки како што рече тој, тие ќе имаат можност по четврти пат да им покажат на СДСМ дека немаат поддршка кај нив, дека не се согласуваат со нивните политики и дека го ценат напорот на ВМРО-ДПМНЕ и нивните мерки и проекти за дијаспората.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.