Саздов: Во 2006 во Велес имаше 16.000 невработени, сега се 3.600

Советникот од општина Велес Петре Саздов на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека сите проекти кои биле реализирани од општината биле проекти кои граѓаните ги барале од локалната власт.

Нашиот близок однос со граѓаните доведе да можеме да ги реализираме сите тие проекти, заедно со службите и техничките служби во општината кои што ги изготвија проектите, истакна Саздов.

Посочи дека биле организирани јавни дебати, каде што граѓаните биле вклучени во изготвувањето и корекција на програмите кои во почетокот на годината им кажувале што планирале да направат.

Тој истакна дека со Индустриската зона, општина Велес реши дел од проблемите кои се јавија од транзицијата, односно ја намали невработеноста во општината.

-Можам со задоловство да кажам, кога во 2006. година Заводот за вработување статисчкиот податок беше 16 илјади невработени лица во општина Велес, сега истиот тој податок оваа година е 3.600. Огромен исчекор во однос на вработување, на земање плата и тоа е еден исчекор што општина Велес со сопствени сили, со сопствено финансирање, со средства од буџетот на општината ја донесе оваа одлука на добробит целото општествено и граѓанско живеење на нашиот град, потенцира Саздов

Тој додаде дека она што било ветено од страна на ВМРО-ДПМНЕ било реализирано од 97 до 100 отсто, како и оти биле реализирани проекти кои не биле ветени, но поради ургентноста локалната самоуправа успеала да ги реализира.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.