СБ: Економскиот раст ширум Европа ќе продолжи да јакне

Во најновиот редовен извештај Светската банка (СБ) проценува дека економскиот раст ширум Европа ќе продолжи да јакне, па по стагнацијата во 2013. и растот од 1,3 отсто во 2014., економијата на ЕУ во оваа година ќе порасне за 1,8 отсто, а во наредната за 2 отсто.

Притоа државите од централни и источна Европа ќе продолжат да растат над европскиот просек, по стапка од над 2,4 отсто во 2015 година, и тоа врз основа на силната лична побарувачка, постепено враќање на инвестициите и продолжување на растот на извозот.

СБ додава дека економскиот раст во 2014. особено бил изразен во Германија, Унгарија, Ирска, Полска и Велика Британија, а јужноевропските држави започнале конечно да закрепнуваат по значајното финансиско и економско реструктуирање и покрај растечката загриженост поради финансиските проблеми на Грција и општата слаба глобална трговија.

„Извозот беше главен придвижувач на растот во многу земји на централна и источна Европа, како Полска, Бугарија и Романија“, рече Мамта Мурти, директор на Светската банка за централна Ервопа и балтичките држави.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.