СЦ „Ново Лисиче“ доби модерна фитнес опрема

Во Спортскиот центар „Ново Лисиче“  денеска стигна нова фитнес опрема, која ќе внесе нови содржини во Фитнес центарот и ќе овозможи значително да се подобрат условите за спортување во овој спортско-рекреативен објект.

Новата опрема содржи 14 справи за кардио и фитнес вежби, меѓу кои ленти за трчање, степери, статични велосипеди, орбитрек, кросовер машини, справи за истегнување и клупи за вежбање на стомачните мускули.

sc-novo-lisice-9-12-23

Фитнес центарот „Ново Лисиче“ со новото руво на корисниците им нуди уникатна средина за полнење со позитивна енергија, ефикасно постигнување физичка кондиција и зацврстување на телото под постојан надзор на фитнес инструктор.

Фитнес центарот во СЦ „Ново Лисиче“ можат да го користат жителите на Општина Аеродром со мал надомест, а повеќе детали и термини може да се добија на тел. 076 827 529.

sc-novo-lisice-9-12-29

Инаку, Спортскиот центар „Ново Лисиче“ беше пуштен во употреба пред 4 години на површина од  околу 1.000 квадратни метри на две нивоа со вклучена повеќенаменска спортска сала за кошарка, мал фудбал и одбојка, како и дополнителни сали за фитнес и за пинг-понг, како и со отворено фудбалско игралиште со капацитет за околу 1.000 гледачи.