вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 42

Сценарио за широка коалиција за промена на уставното име на Македонија

Опозицискиот лидер Зоран Заев ја отвори Пандорината кутија со покренувањето прашања кои досега никогаш не биле тема на дневен ред. Воведување двојазичност, напуштање на рамките на Охридскиот договор, кантонизација и промена на Уставот се само дел од јавно искажаните ставови на Заев преку кои јавно им се додворува на албанските гласачи на сметка на македонските национални интереси.

zbir640

Последни вести

Доколку владејачката коалиција „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ не освои мнозинство од 63 пратеници на претстојните парламентарни избори, се отвора врата за разни преговори и договори во кои на маса ќе се најдат македонските национални интереси, смета експертската јавност. Еден од главните идеолози на СДСМ, Љубомир Фрчкоски од Љубљана најави дека за да се изврши притисок за формирање влада на широка коалиција, со странците на маса било ставено и решавање на прашањето за името, пишува „Курир“.

Опозицискиот лидер Зоран Заев ја отвори Пандорината кутија со покренувањето прашања кои досега никогаш не биле тема на дневен ред. Воведување двојазичност, напуштање на рамките на Охридскиот договор, кантонизација и промена на Уставот се само дел од јавно искажаните ставови на Заев преку кои јавно им се додворува на албанските гласачи на сметка на македонските национални интереси.

Со ваквиот настап на Заев, очекувано пораснаа барањата на албанските партии. Лидерот на ДУИ Али Ахмети отворено говори дека очекува премиерско место, а веќе нема некоја албанска патија која не го спомнува прашањето за јазикот и воведување на двојазичност на целата територија на државата.

Со настапите пред aлбанската дијаспора во Швајцарија, Заев покажа дека практично и не постои услов кој не би го прифатил, а впрочем неговата агенда во голема мера се поклопува со агендата на албанските партии.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ не освои 63 пратеници, надежта на стратезите на СДСМ е дека преку нереални и неприфатливи условувања од албанските партии би се формирала некаква влада на широка коалиција. Еден од главните идеолози на СДСМ, Љубомир Фрчкоски на дебата на спорниот институт ИФИМЕС во Љубљана најави дека за да се изврши притисок за формирање таква влада, со странците на маса било ставено и решавање на прашањето за името.

Заев во Швајцарија веќе ја прогласи Македонија за виновна за споровите кон соседите, а во минатото најавуваше виткање на кичмата за наметнаиот спор од Грција за името. Заев пред албанските иселеници отворено ја искритикува Македонија и застана во одбрана на Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Србија. Нагласи дека не можело сите тие да не се во право, односно потенцираше дека грешката била во Македонија.

– И не може сите да бидат лоши околу нас, а ние да сме најдобрите. Ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија, изјави Заев.

Ова не е прва предизборна понуда на СДСМ, во која се ветува промена на уставното име за 6 месеци. Тоа беше претходно и главниот адут на Радмила Шекеринска, која во кампњата за изборите во 2008-ма година ветуваше дека Македонија за 6 месеци ќе добиела покана за членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ. Според ветувањето на Шекеринска, ова значеше дека СДСМ за само шест месеци ќе го решеле повеќедеценискиот спор за името.

Кога ВМРО-ДПМНЕ е во прашање во однос на спорот за името, ставот на владејачката партија е јасен и категоричен. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати прoмена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија, ниту идеи и предлози што ќе го загрозат националниот идентитет, се вели во програмата „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ.

ime

Широка коалициона влада е сценарио кое одамна го бутка очајниот СДСМ
Универзитетската професорка по уставно право Тања Каракамишева- Јовановска, вели дека супер широката коалициона Влада која ја заговара проф. Фрчкоски, за која како што вели тој, ќе притиснеле и странците, е сценарио што одамна го бутка очајниот СДСМ преку нивниот идеолошки мантрач, кој од Словенија, на лош српски јазик, практично ги повтори тезите што неколку години ги врти во јавноста преку изедначувањето на Сојузниот совет, и ротациониот премиер, како носители на федералната извршна власт на Швајцарија, со Владата на РМ, во Република Македонија како држава која е уставно дефинирана како унитарна Република.
-Повторното мантрање на тезава и споредбата на македонската со швајцарската извршна власт има конкретна цел. Целта е да се изврши што е можно посилно влијание на една недела пред изборите во мотивирањето на се поевидентно апатичното и разочараното членство, и разочараните поддржувачи од деструктивните политики што ги нуди Заев и раководството на СДСМ. Идеите за кантонизација на државата, двојазичноста на цела територија на РМ, плагијатот на „„програмата“ на СДСМ, сценариото за разнебитување на државата, уфрлување на радикални и политичко опасни подземни играчи во изборната кампања од страна на СДСМ, сето ова влијаеше негативно и разочарувачки кај членството и поддржувачите на оваа партија, вели Каракамишева- Јовановска.
karakamiseva2-420x240Токму затоа, додава таа, беа потребни тезите на проф. Фрчковски. Тие треба да делуваат како витаминска инјекција за подигнување на надежта меѓу гласачкото тело на СДСМ кое е во реален нокдаун, бидејќи очекуваше многу повеќе од својот лидер и од раководната партиска структура.
-Кога практично се виде дека СДСМ е тотално безидејна и на програмски, и на идеолошки, и на политичко-економски план, „партиските стратези“ на една недела до изборите го отворија т.н. План „Б“ на СДСМ кој го презентираше во нему познат ноншалантен стил партискиот мантрач број 1, по обичај надвор од државата. „Планот Б“ на СДСМ“ треба да го отвори „новиот прозорец на сдсмовската надеж“ дека оваа партија, без разлика на изборните резултати, ќе биде неизоставниот, нужниот дел во идната Македонска Влада. Демек какви и да се изборните резултати, ние (СДСМ) сме пак во Владата!?  Според бајачите на СДСМ во оваа супер голема коалициона Влада требало да влезе и ВМРО-ДПМНЕ!? а се со цел да се решат сите горливи прашања на Македонија-таа „супер широка Влада“ ќе го решела прашањето на името, членството на државата во НАТО…На бајачиве и мантрачиве од СДСМ никако не може да им влезе во глава дека власта во Република Македонија не зависи од нив и од СДСМ. Власта во РМ ја даваат и ја земаат нејзините суверени граѓани кои, според Уставот на земјата, се највисоката, неприкосновената власт во државата. За да може СДСМ пак да биде дел од Владата ќе мора прво да помине кај граѓаните. Треба да ја бара нивната доверба, вели Каракамишева- Јовановска.
Во Уставот на РМ, додава универзитетската професорка, не стои дека власта, а во таа смисла и Владата на РМ ја организираат разно-разни суфлери, супозитории, мантрачи, бајачи „чадори“, НВО сектор и други реквизитарни помагала.
-Во Уставот на РМ јасно стои дека граѓаните на избори одлучуваат кој ќе биде власт, а кој опозиција во државата. Токму затоа граѓаните на РМ, на 11. декември ќе им го возвратат ударот на овие антимакедонски сили, и ќе им покаже кој ја составува и кој ја руши власта во нивната држава.  На 11. декември македонските граѓѓани плебисцитарно ќе го дадат својот глас за 63 пратеника за ВМРО-ДПМНЕ. 63 пратеника дадени за ВМРО-ДПМНЕ ќе биде најголемиот одговор на сите овие замешатели и неработници кои сакаат да ја клекнат РМ на колена за да не може сама да управува и сама да одлучува за својот развој и просперитет, заклучува Каракамишева- Јовановска.

Најчитани вести