Сценариото на Заев: Хаос на улиците, повреден фоторепортер (ФОТО+ВИДЕО)

Уредникот на фотографија во весникот Вечер Наќе Батев е повреден во вечерашните насилни протести пред Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија.

nakje-640x1137

Батев е повреден во глава додека ја извршувал својата професионална задача, во моментот кога насилните демонстранти се судрија со полицијата да го пробијат полицискиот кордон.

Тој е преврзан и префрлен на Ургентниот центар во Скопје, каде во моментов му ги санираат повредите на главата.

Според последните информации, насилните демонстранти откако ја демолираа народната канцеларија на претседателот Иванов, во моментов ги кршат прозорците и вратите на Министерството за правда, во центарот на Скопје.

Во насилните протести целосно е демолирана Народната канцеларија на Претседателот на РМ, а по упадот на демонстрантите во приземниот кат во Министерството за правда, интервенираше полициската единица ЕБР, при што има и уапсени насилни демонстранти кои го предводеле упадот во Министерството.