Сцени од порно филмовите кои не треба да ги правите дома

Порно филмовите понекогаш можат да бидат добар поттик за двојките во сексуалниот живот, но морате да бидете свесни за фактите дека тоа е само филм и нема врска со реалноста.

 Сите имаат оргазам за паметење

Во реалниот живот, нормално изгледа различно. Било која личност во врската знае дека жената пoнекогаш не постигнува оргазам, но тоа не е проблем ако и двајцата се чувствуваат убаво. Понекогаш е само лош ден, а понекогаш е потребно повеќе труд.

Секс маратон

Во порно филмовите сексот трае и трае, а сите знаат колку понекогаш сексот набрзина е добредојден. Во ситуацијата која немате време за маратонски секс и обврските ве притискаат, саканата личност тоа ќе го разбере и ќе се впушти во брза, возбудлива игра без размислувања.

Свет без влакна

Ретко која жена има секогаш совршено средени препони како што имаат актерите во филмовите. Добро знаеме дека влакната растат постојано и секогаш ги има меѓу две депилации.

Егзибиции во филмовите

Порно филмовите имаат тенденцијада покажаат невообичаени пози. Тоа не е ништо страшно додека не сфатите дека тие воопшто не знаат за некои класични пози и ви создваат вина поради „обичен секс“. Сексуалниот терапевт Бренди Енглер за Womans Health истакнува дека единствено што е важно да се забавувате во кревет.

Вечното прашање за кондомите

Како и многу други работи, мажите во порно филмовите имаат совршени тела, но и еден голем недостаток-не користат кондоми. Сексот на почетокот на врската мора да биде заштитен и немојте да се согласите на ништо помалку.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.