СДА и СНСД со најмногу пратеници во Парламентот на БиХ

Партијата за демократска акција (СДА) и Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) освоија најмногу гласови на изборите за Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, објави МИА.

СДА освои 28 отсто од гласовите на територијата на Федерацијата БиХ, а СНСД 39 проценти во Република Српска.

Судејќи според најновите прелиминарни резултати на ЦИК, овие две партии ќе имаат и најмногу пратеници во идниот состав на државниот Парламент.

Точниот број на освоените мандати во оваа фаза од пребројувањето не е познат, но е извесно дека неодамна формираниот Демократски фронт (ДФ) на Жељко Комшиќ освои 15 отсто од гласовите и стана втора по јачина партија на територија на Федерацијата БиХ.

Српската демократска партија (СДС) добила поддршка на 33 отсто од гласачите на Република Српска и е втора по сила во овој ентитет.

Крајниот рок за објавување на конечните резултати е 11 ноември.