Македонија,Политика

СДММ за организационен секретар постави човек кој учествувал во дивеење и судири со полиција

СДММ за организационен секретар постави човек кој учествувал во дивеење и судири со полиција

 Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по неколкумесечни превирања успеа да го состави раководството на својот подмладок Социјалдемократска младина на Македонија (СДММ).

За органзиационен секретар на Социјалдемократската младина беше именуван Сенат Смаиловиќ од општинската организација на СДСМ во Бутел.

Смаиловиќ во медиумите беше посочуван како организатор на протестите во април 2012 година по повод убиството на Смиљковско езеро.

Според тогаш објавените информации, задачата на Смаиловиќ била да органзира поголема група на млади кои ќе предизвикаат нереди во Скопје. Овие протести се претворија во дивеење по скопските улици и предизвикаа голема материјална штета. На крајот младите лица организирани од Смаиловик се судрија и со полицијата.

Како што посочија добро информирани лица тогаш, учеството на Смаиловиќ на овие протести била со цел да се создадат тензии и да се подгрее политичката состојба во државата.

Од СДСМ тогаш велеа дека Смаиловиќ самоиницијативно учествувал во овие дивеења во Скопје.

Оттука се поставува прашањето доколку навистина на своја рака органзирал и учествувал во толпа која се судираше на полицијат,а зошто тогаш го именуваат на висока партиска позиција во СДММ. Наместо да го казнат во СДСМ за своето неодговорно однесување, тие го поставуваат Смаиловиќ како организационен секретар кој во иднина може повторно да органзира слични настани што лесно би излегле од контрола.