СДМС: ВМРО-ДПМНЕ беше противник на укинувањето на радиодифузната такса, сега дволично и безидејно копира проекти

Лицемерниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо друго освен приказ на безидејноста и очајнички обид преку предлагање на копирани мерки и проекти, да се сокрие криминалот и грабежот на граѓаните што ВМРО-ДПМНЕ го правеше цели 11 години, се вели во реакцијата на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години вршеше валкана пропаганда и ја наплаќаше директно од џебот на осиромашените граѓани, а на секој предлог за укинување на радиодифузната такса, силно се противеше. Денес, дволично и лицемерно, потценувајќи ги граѓаните, предлага мерки кои се дел од Програмата на новата Влада и кои наскоро ќе станат реалност“, се истакнува во соопштението на социјалдеморкатите.

Според нив, станува збора за недоследност и погазување на сопствените ставови, што само ја докажува „несериозноста и неодоговорноста“ на ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Никој повеќе не ги сфаќа сериозно ВМРО-ДПМНЕ кои довчера силно ја бранеа радиодифузната такса, а денес се залагаат за нејзино укинување. Радиодифузната такса ќе биде укината, како што и е предвидено во Програмата Владата предводена од СДСМ, без разлика што за тоа мисли дволичното и безидејно ВМРО-ДПМНЕ“, тврдат од СДСМ.