СДС во културата креира хаос, несигурност и партизација

СДС за само 100 дена од позиција на власт, создаде вистински хаос во културата. СДС го партизираше ова министерство и ги запре сите проекти, а не отпочна ниту еден, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС со самото доаѓање на власт покажаа колку им значи културата, уште во првите денови на власт СДС скрати 4.5 милиони евра од буџетот наменет за унапредување на културата. СДС скрати наменети за заштита на културното наследство, филмската продукција, доградбата на струмичкиот театар, како и за разни други инвестиции во културата. Алаѓозоски го партизираше министерството за култура. На местото на докажани културни работници, постави партиски потрчковци без грам кредибилитет и легитимитет. Таков е примерот со поставувањето на среднистот Стојанче Павловски за директор на националниот ансамбл „Танец“, за што беше сменет маестро Зоран Џорлев. Алаѓозоски го преполни министерството со таканаречените граѓански активисти како Никола Наумовски, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил и Мирослав Грчев, истакна Весела Честоева од ВМРО-ДПМНЕ.

Честоева обвинува дека Алаѓозоски ги изманипулира граѓаните.

-Алаѓозоски во текот на изборите ветуваше заштита на скопскиот аквадукт, конзервација на „Ангелот од Курбиново“ и заштита на локалитетот Скупи, за сега од позиција на власт око да не му трепнува за објектите од значење за културата. СДС за 100 дена причини вистински хаос во културата и ги понижи уметниците. СДС ќе останат запаметени по заложбата за укинување на титулата „Национален уметник“, со која се вреднува трудот на уметниците – нашите врвни амбасадори на македонската култура во светот. СДС во културата креира хаос, несигурност и партизација и затоа ќе бидат казнети на претстојните локални избори на 15-ти октомври, заклучи таа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.