СДСМ бара одговорност од Спасов

СДСМ денеска побара дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов да понесе одговорност.

– Спасов постапи непресметливо, тој е лош пример за децата и за секој граѓанин. Се обидел да избега од одговорност, наместо да се срами и биде совесен, наведува СДСМ.

Во соопштението од партијата стои и дека полицијата мора да го расветли инцидентот.