СДСМ да не го користи референдумот како параван за колективниот грабеж 

Само СДСМ и Зоран Заев немаат став за аферите и криминалите во кои се до гуша. Само Зоран Заев е единствениот Премиер во Европа кој се става во заштита на криминалот, од едноставна причина затоа што тој го произведува, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ и се додава:

„Само Македонија има аболиран за криминал Премиер и Премиер кој го фатија како шибицарски бара поткуп од 200 илјади евра, а политизираното судство го одбрани.Само во Македонија под владение на СДСМ тендери се префрлаат 3 милиони евра од ќерка на татко, се доделуваат 35 милиони евра на непознати фирми, вицепремиерот сам си префрла пари на своите фирми. Само во Македонија се лаже дека со криминал, корупција и аздисаност може да се влезе во Европската Унија иако секој ден се повеќе се оддалечуваме.“

-Зоран Заев и СДСМ да не го користат референдумот како параван за колективниот грабеж  кој и го прават на Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.