четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 87

СДСМ дели наредби каде ќе „напаѓа“ т.н. „Шарена револуција“

Токму тоа што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, наскоро треба да седне во некоја од обвинителните клупи на Основниот суд Скопје 1 и фактот дека заедно со т.н. „Шарена револуција“ во изминатиот период беа дел од вандализирањето на неколку државни институции и спомен обележја, укажува дека и нападот врз скопскиот суд е нарачан директно од партиското седиште на „Павел Шатев“, смета аналитичарот Александар Пандов

sarena-rev

Последни вести

Основниот суд Скопје 1 беше мета на вандалски чин од страна на активисти на т.н. „Шарена револуција“, во ноќта меѓу неделата и понеделникот. Вандалите и активисти на Сорос и на т.н. „Шарена револуција“ со повеќе бои го ишараа објектот на Кривичниот суд, оштетена е фасадата, вратите и прозорците.

Политичките аналитичари сметаат дека нападот врз Кривичниот суд е во режија на опозициската партија, чиј лидер, како што велат преку ваквиот вандалски чин, сака да изврши притисок врз судиите кои треба да му судат во случаите „Пуч“ и „Поткуп“.

Според политичкиот аналитичар и активист на ГДОМ, Александар Пандов, токму тоа што лидерот на СДСМ, Зоран Заев наскоро треба да седне во некоја од обвинителните клупи на овој Кривичен суд и фактот дека заедно со „шарените револуционери“ во изминатиот период беа дел од вандализирањето на неколку државни институции и спомен обележја, укажува дека и синоќешниот напад е нарачан директно од партиското седиште на „Павел Шатев“.

Во ниеден момент не смееме да заборавиме дека таа Шарена револуција беше отворена и поддржана од лидерот на СДСМ  и од целото нивно раководство. Тие заедно со нив исто така ги вандализираа Министерството за правда и низа други институции и споменици во градот Скопје. Наредбата за тоа каде и кога би се направил некој напад протест доаѓа токму од седиштето на СДСМ на „Павел Шатев“. Дополнително што  паѓа во очи е тоа што токму во тој суд треба да седне лидерот на опозицијата Зоран Заев кој има обвинение за две сериозни кривични дела, едно е случајот „Пуч“ во кој се терети за уцена кон високи државни функционери и шпионажа, а второто дело е за поткуп, во кое што имавме можност отворено да видиме како бара пари од граѓанин на Струмица, каде тој е градоначалник. Сето тоа наведува дека пораката која е испратена е предупредување кон судиите, и кон оние кои не се послушници на Зоран Заев и на СДСМ, посочува за Нет Прес, аналитичарот Пандов.

Според него, ваквите напади, кои како што вели, засега се на ниво на фарбање, можат да прераснат во посериозни закани и напади.

Ако знаеме дека во минатото не само со боја, туку и со камења и шипки беа напаѓани и полицијата и Владата  и сите останати институции, не би ме чудело тоа да го направат и кон одредени судии и нормално спрема самиот суд, додава Пандов.

Ваквиот вандалски чин наиде на остра осуда од претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Според него нападот врз судот е извршен на  најсрамен и подмолен начин во текот на ноќта, што доликува само на кукавици. Тој преку соопштение до јавноста ги охрабри сторителите на ваквиот чин самите да се пријават кај надлежните органи, посочувајки дека во случај на судска постапка правично ќе им биде судено.

Најостра осуда за ваквиот вандалски чин беше упатена и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, од каде посочуваат дека најостро ги осудуваат обидите за напади и закани врз судот.

Срамниот ноќен вандалски чин на хулиганите од платеничката револуција на СДСМ/Сорос е резултат на желбите на аболицираниот криминалец Зоран Заев да бидат заплашени судиите кои треба да го судат за барањето поткуп и за случајот „Пуч“, порачувајќи им дека дивите орди кои се под негова команда ќе дејствуваат секогаш кога ќе биде донесена одлука што не е по негова волја. Аболицираниот криминалец Зоран Заев се плаши и треба да се плаши дека правдата ќе го стигне. ВМРО-ДПМНЕ апелира притисоците и нападите врз судот да престанат, а членството на СДСМ да се дистанцира од неразумните чекори на аболицираниот Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, за време на неколку месечните протести на Шарената револуција, на кои учествуваа и високи претставници на опозициската партија, уништени беа голем број објекти, историски споменици и културни обележја во главниот град и нанесена е голема материјална штета, што ќе ја чини државата 200.000 евра.

Најпогодена во дивеењето беше Порта Македонија, чија првична штета беше проценета на околу 15.000 евра. Обоени и уништени беа и спомен – обележјата кои ја симболизираат вековната македонска историја, а осквернавен беше и симболот на децата-бегалци од Егејска Македонија, како и споменикот на АСНОМ.

Најчитани вести