Политика

СДСМ демантира дека имало тепачка во СДСМ

СДСМ демантира дека имало тепачка во СДСМ

Опозициската СДСМ испрати соопштение со кое што демантира дека имало тепачка во нивните редови.

„Бесрамна лага се пишувањата на порталите под контрола на Никола Груевски, Курир и Нетпрес, за некакви несогласувања и наводен инцидент во СДСМ. Очајни, Никола Груевски, раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиумски послушници, фатени во криминал, наместени тендери и корупција, спас бараат во измислици. Лажните информации што ги пласираат владините медиуми говорат за агонијата и безизлезот во коишто се потонати премиерот Груевски и неговите најблиски соработници“, стои во реакцијата на партијата.

Според нив, комични биле ваквите обиди да се прикриеле облиците на владеењето.