ФОТО: Еве како СДСМ ја замислуваат демократијата

Многупати досега највисоките раководни лица од СДСМ јавноста можела да ги слушне дека говорат и се залагаат за демократија, а само неколку часа по објавувањето на одлуката за изборот на новите министри, граѓаните веќе имаат реална можност да видат како СДСМ ја замислуваат демократијата.

На социјалните мрежи почнаа да осамнуваат статуси и фотографии, кои што во најмала рака би можеле да се окарактеризираат како морничави и заканувачки.

Таква е и оваа фото-монтажа со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

sdsm-demokratija

Ако се има во предвид дека лицето  Зоран Блажевски кое што ја објави оваа фотографија на својот Фејсбук профил како своевидна покана е вработено во МВР, тука слободно може да се постави прашањето дали почнаа да пристигнуваат првите задачи од новиот министер, кој сеуште официјално ја нема превземано функцијата?