СДСМ денеска колективно на суд

Деструктивноста и навредите на Шилегов немаат крај
Деструктивноста и навредите на Шилегов немаат крај

Двајца функционери на опозициската СДСМ денеска ќе ги бранат своите ставови пред министерката за култура, Елизабетан Канческа Милевска, како и градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Во Основниот суд Скопје 2 ќе се одржи судско рочиште со распит на странки, по тужбата на министерката Елизабета Канческа Милевска, против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов за изјавите околу изградбата на староновиот театар во Скопје. Рочиштето е закажано за денеска во 10 часот.

Два часа подоцна, односно во 12 часот, во Основниот суд Скопје 2 ќе се одржи судско рочиште и по тужбата на градоначалникот на Битола, Владимир Талески против пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски.