СДСМ доби 39 градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ три

Според податоците кои се’ уште се објавуваат на сајтот на Државната изборна комисија (ДИК), по првиот круг најверојатно ќе бидат познати градоначалници во вкупно 47 општини, додека преостанатите 34 општини одат  вториот круг одат преостанатите 34 општини од Македонија.

Во Град Скопје кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, по преброени 95,9% од гласовите оди кон победа во првиот круг.

Покрај во Скопје, што се’ уште е неофицијално, СДСМ доби градоначалници во уште 38 општини низ Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе има свој градоначалник во три општини, Демократската унија за интеграција (ДУИ) во две, а Демократската партија на Турците (ДПТ) ќе има градоначалник во една општина. Во две општини, во првиот круг, победија независни градоначалници.

Вкупната излезност на локалните избори за градоначалници е 59,5%.

Во продолжение список на општините кои добија градоначалници во прв круг и оние каде ќе се одржи втор круг на 29 октомври:

СДСМ: 39 градоначалници по првиот круг

Град Скопје (кандидатот на СДСМ води со 50,26% на пребројани 95,9% од гласовите), Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Аеродром, Охрид, Струмица, Велес, Куманово, Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Арачиново, Кривогаштани, Зелениково, Вевчани, Лозово, Свети Николе, Неготино, Дебарца, Маврово и Ростуша, Конче, Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Босилово, Ново Село, Берово, Василево, Радовиш, Пехчево, Делчево, Кочани, К.Паланка, Кратово.

ВМРО-ДПМНЕ: 3 градоначалници по првиот круг

Сопиште, Петровец, Илинден

ДУИ: 2 градоначалници по првиот круг

Кичево, Пласница

ДПТ: 1 градоначалници по првиот круг

Центар Жупа

Независни кандидати: 2 градоначалници по првиот круг

Чучер Сандево, Ранковце

Втор Круг: 34

Гази Баба, Бутел, Кисела Вода, Шуто Оризари, Чаир, Сарај, Тетово, Гостивар, Струга, Јегуновце, Чашка, Росоман, Карбинци, Македонска Каменица, Македонски Брод, Виница, Старо Нагоричане, Градско, Студеничани,  Брвеница, Желино, Теарце, Врапчиште,  Липково, Могила, Боговиње, Дебар, Кавадарци, Штип, Чешиново Облешево, Пробиштип, Зрновци, Новаци, Демир Капија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.