СДСМ досега не успеа да го поправи покривот на Драмски, но успеа да ја спречи изградбата на нова зграда

Кофи по подовите, прозорци низ кои се слева вода, паднати делови од плафони, кабли од инсталации под вода…. Ова се слики од Драмскиот театар во Карпош кој е најпогоден од дождот кој неколку дена врне во градот. Доколку продолжат да се интезивираат врнежите, објектот кој и онака е во катастрофално лоша состојба, би можел тотално да се распадне.

Но, тоа не ја засега владата на Заев и министерот Роберт Алаѓозовски кои го стопираа овој капитален проект од предходната влада на ВМРО-ДПМНЕ – изградба на Драмски театар, така што театарските работници ќе продолжат да работат во „нечовечки” услови уште подолго време.
Театарот има стара и непроменета водоводна, канализациона и електрична инсталација, кровот, и покрај санацијата во 2000 година, протекува од сите страни. Според денешните потребни стандарди, недоволен и несоодветен е и санитарниот јазол за публиката, како и за администрација и за вработените во Драмски.

Објектот едваj ги задоволува минимум санитарните и хигиенските услови потребни за работа. Дождовите предизвикаа оштетување и во Театар Комедија во Скопје, Центрите на културата во Струга, Струмица, Дебар, Кочани, Конзерваторскиот центар во Гостивар, Музејот Западна Македонија во НОВ, во Кишево, а на археолошкиот локалитет Стоби постои опасност од изливање на Црна Река.

Како планира министерот Алаѓозовски да ги реконструира и санира и останатите објекти од културата низ целата земја, кои се погодени од дождот, кога тој и владата на СДСМ го скратија буџетот за 4.5 милиони евра во културата?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.