СДСМ: Досега требаше да бидат изградени двата автопати кои сега се почнуваат

До сега требаше веќе бидат изградени двата автопати кои сега ги отпочнуваат, сметаат во СДСМ.

„Ајде да направиме една проста математика. Според информациите од Владата, автопатот Скопје – Штип ќе чини 206 милиони евра, додека автопатот Кичево – Охрид ќе чини 375 милиони евра. Пари обезбедени преку кредит од Кина, односно државата ќе се задолжи за овие пари…СДСМ смета дека овие 500 милиони евра, пари на граѓаните, наместо за споменици и музеи, требаше да се искористат токму за изградба на автопатиштата Скопје – Штип и Кичево – Охрид. Во оваа прилика би сакале да промовираме два големи проекти од програмата СДСМ“, вели Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Манчевски ги промовираше и проектите од програмата на СДСМ за изградба на автопат Велес-Прилеп-Битола, автопат по Коридорот 8,  односно поврзување со автопат со Албанија на запад и со Бугарија на исток. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.