СДСМ доживеа уште еден дебакл во Кичево

Кичевци многу добро знаат кои прашања не заслужуваат одговор, а уште подобро како треба да се казни оној кој заговара двојазичност, федерализација и распарчвање на Македонија. Тие синоќа сурово го казнија Заев, и не излегоа да ги слушаат неговите лаги и празни ветувања, пишува „Вечер“.

Кичевци многу добро знаат што се лажни ветувања, а Заев треба да сфати дека кај овој народ не поминуваат.

Опозоциските портали едвај видливо известуваат за митинзите на СДСМ и досега не видовме ниту една галерија од митинзите. Наместо тоа ќе треба да се задоволиме со фотографии од отворање штабови по албанските села, зашто во чајџилница или штаб 20 луѓе изгледаат многу, пишува „Вечер“.

 

 

ФОТО: „Вечер“