СДСМ го забавува економскиот раст на Македонија

Политичката неизвесност на домашната сцена, како и ситуацијата во Грција, се реални ризици кои можат да се одразат на економскиот раст на земјата, стои во извештајот на ММФ.

Понатаму се наведува дека инвестициите во инфраструктурата, растот на извозот благодарение на странските директни инвестиции во зоните и високиот кредитен раст остануваат главен двигател на економскиот раст на земјава, заклучува ММФ во завршната изјава по редовната посета на мисијата на Македонија.

Со 3,2 отсто поектиран раст од страна на ММФ, Македонија ќе има еден од најдобрите економски резултати во регионот.

Добрата бизнис клима придонела за привлекување странски директни инвестиции кои го зголемиле извозот и отвориле нови работни места, забележува ММФ во извештајот.

ММФ констатира дека се постигнати повисоки буџетски приходи од планираните, особено данокот на добивка, додека приходите по основ на данок на додадена вредност и неданочни приходи се пониски од планираните. Заедно со повисоки трошоци за платите во полицијата и инвеастиции во безбедносна опрема, според ММФ може да резултира со буџетски дефицит од 4 отсто.

ММФ во изјавата истакнува дека Македонија во 2008 година влегла во светската економска криза со една од најниските стапки на јавен долг во Европа, која се зголемувала соодветно со растот на економијата и е поврзан со поддршка на економијата преку јавни инвестиции во инфраструктурни проекти. Како што продолжува процесот на закрепнување од кризата и фискалната консолидација, цел на Македонија треба да биде да постигне дефицит под 3 отсто до 2017 година, како што е и планирано од страна на Владата. Тие го поздравуваат и го оценуваат како вистински чекор законското воведување на фискалните правила.

Фондот оценува дека финансискиот сектор останува здрав. Банките, вклучувајќи ги двете грчки банки во земјава, се добро капитализирани, високо ликвидни и обезбедени со домашни депозити. Зголемената претпазливост од страна на монетарната власт треба да одговори на евентуални ефекти од грчката криза, забележува Фондот